[ОТВОРЕН ПОВИК] Правна клиника за право на бегалци

ЦЕНТАРОТ ЗА ПРАВО НА БЕГАЛЦИ И МИГРАЦИЈА ГО ОБЈАВУВА ПОВИКОТ ЗА УЧЕСТВО НА ПРАВНАТА КЛИНИКА ЗА ПРАВО НА БЕГАЛЦИ ЗА ЗИМСКИОТ СЕМЕСТАР ВО АКАДЕМСКАТА 2022/23

Почитувани студенти,

Правната клиника по право на бегалци ги повикува студентите да се приклучат на програмата во текот на зимскиот семестар за академската 2022/23.

Правната клиника за право на бегалци (Refugee Law Clinic) претставува можност студентите да се стекнат со теоретско и практично знаење во врска со правото на бегалци и миграциите. Овој семестар предавањата ќе се спроведат во живо во просториите на Правен факултет „Јустинијан Први“ – Скопје.

Студентите ќе имаат можност да проследат предавања од страна на универзитетски професори – ментори на правната клиника, како и предавања и работилници од страна на претставници на УНЦХР во Република Северна Македонија, Македонско здружение на млади правници, домашни и меѓународни експерти и практичари.

Правната клиника за право на бегалци се спроведува од страна на Refugee law and Migration Center – “Iustinianus Primus” Law Faculty, Skopje во рамки на стратешкото партнерство помеѓу Правен факултет „Јустинијан Први“ – Скопје и Претставништвото на УНХЦР во Република Северна Македонија

Предавањата почнуваат на 1 Ноември 2022 година (вторник)

Регистрацијата трае до 28 Октомври 2022

За учество на правната клиника можете да се регистрирате на следниот линк:

https://forms.gle/1vnZooq1VUHCzwk79

За повеќе информации за правната клиника и учество во неа, можете слободно да не контактирате на:

емаил:

– lawclinicrefugees@gmail.com

Истовремено информации можете да најдете на нашата веб страна: https://refugeelaw.mk/en/

Со почит,

Координативниот тим на правната клиника за право на бегалци

За учество на правната клиника можете да се регистрирате на следниот линк: 

en_GBEN