ЦЕНТАРОТ ЗА ПРАВО НА БЕГАЛЦИ И МИГРАЦИЈА ГО ОБЈАВУВА ПОВИКОТ ЗА УЧЕСТВО НА ПРАВНАТА КЛИНИКА ЗА ПРАВО НА БЕГАЛЦИ ЗА ЛЕТНИОТ СЕМЕСТАР ВО АКАДЕМСКАТА 2021/22
Почитувани студенти,
Правната клиника за право на бегалци ги повикува студентите да се приклучат на програмата во текот на летниот семестар за академската 2021/22.
Правната клиника за право на бегалци (Refugee Law Clinic) претставува можност студентите да се стекнат со теоретско и практично знаење во врска со правото на бегалци и миграциите. Овој семестар предавањата ќе се спроведат онлајн на платформата zoom.
Студентите ќе имаат можност да проследат предавања од страна на универзитетски професори – ментори на правната клиника, како и предавања и работилници од страна на претставници на УНЦХР во Република Северна Македонија, Македонското Здружение на Млади Правници (МЗМП), домашни и меѓународни експерти и практичари.
Правната клиника за право на бегалци се спроведува од страна на Центарот за право на бегалци и миграција при Правниот факултет „Јустинијан Први“ – Скопје во рамки на стратешкото партнерство помеѓу Правен факултет „Јустинијан Први“ – Скопје и Претставништвото на УНХЦР во Република Северна Македонија
Предавањата почнуваат на 15 Март 2022 година (Вторник) во 16 часот
Регистрацијата трае до 11 Март 2022
За повеќе информации за правната клиника и учество во неа, можете слободно да не контактирате на емаил: info@refugeelaw.mk и lawclinicrefugees@gmail.com
Истовремено информации можете да најдете на нашата веб страна и социјални мрежи:
Website: https://refugeelaw.mk/en/
Facebook: https://www.facebook.com/RefugeeLawCenter
Instagram: https://www.instagram.com/refugeelawcenter/
Со почит,
Координативниот тим на правната клиника за право на бегалци
За учество на правната клиника можете да се регистрирате на следниот линк: