Стандардни оперативни процедури за постапување со непридружувани деца-странци во Р.С.Македонија
РСМ претставува земја на транзит каде мигранти од Блискиот Исток и северна Африка имаат рута до земјите-членки на ЕУ. Најчесто мотивите за миграција се од економски причини додека пак масовни миграции има кога има воени дејствија и револуции.Во 2014-2015 се зголемува бројот на деца бегалци а особено на непридружувани малолетници.Овие лица како најранлива категорија подлежат на секакви видови експлоатација и злоупотреба ,а најчесно сексуална злоупотреба.Нивниот статус и права се посебно регулирани со КПД , која е ратификувана од РСМ.[1]
Минимум стандарди кои се определени за постапување со НМ се:
- Принцип на недискиминација;
- Најдобри интереси на детето;
- Мислења на детето;
- Доверливост;
- Принцип на невраќање.
СОП 1. ИДЕНТИФИКАЦИЈА И УПАТУВАЊЕ
МЕРКА1: Првичен контакт со НМДС и негово упатување
Тоа значи непосреден контакт на овластено службено лице на државна институција, меѓународна организација или граѓанин на територијата на РСМ со лице за кое, според околностите во кои е пронајдено и неговиот надворешен изглед , постои основано сомневање дека се работи за НМДС. НМДС најчесто може да се открие на граничен премин, надвор од граничен премин на зелениот појас при обид за илегален влез и во внатрешноста на територијата на РСМ.
По првичниот контакт со лицето кое има сомневање дека се работи за НМДС , телефонски се известува регионалниот центар за гранични работи и добива информации за лицето, и се договара кој и како ќе го спреоведе лицето до надлежната организациска единица. РЦ за ГР составува записник и понатаму го предава на месно и стварно надлежниот МЦСР или ЦСР при МТСП, кој по примањето ќе започне постапка за негово идентификување како НМДС.
МЕРКА 2: Прелиминарно собирање информации
Оваа мерка собирањето информации и податоци(кое треба да биде најитно) се спроведува преку: визуелно набљудување на групата, следење на нивните реакции и однесувања;преглед на патни и лични документи, други официјални документи издадени од официјален орган со кој може да се потврди идентитетот на лицето;интервју на полнолетните мигранти што се преставуваат како родители на малолетните лица-деца, полнолетни браќа или сестри, близок роднина и полнолетно лице кое го придружува малолетникот.
МЕРКА 3: Идентификација на НМДС
Тоа претставува збир на тактики,техники и методолошки алатки превземени од страна на овластено лице и стручен тим кои врз основа на информациите ,за кои постои сомневање дека е НМДС ,ќе се идентификува како НМДС. Тоа се врши веднаш по примопредавање од страна на МВР. Постапкте се превземаат со цел: 1. Определување старател; 2. Обезбедување преведувач; 3. Ополномоштување правен полномошник; 4. Спроведување интервју со НМДС; 5. Формирање првично досие на НМДС; 6. Упатување до МЦСР, доколку постапувал ЦСР.
МЕРКА 4: Определување старател
По добиеното известување од МВР, заради итност во постапувањето,со предвид ранливост на категоријата на НМДС и принципна најдобри интереси на детето ,месно надлежниот ЦСР/МЦСР определува стручно лице – социјален работник со овластување – за назначување старател на пронајдениот НМДС. Старателот од тој момент е формално-правно одговорен за НМДС и се грижи за заштита на неговите права при преземањето службени дејства од страна на државните органи.
МЕРКА 5: Обезбедување преведувач – преведување
Имајќи предвид дека мигрантите-бегалци што транзитираат низ РМ претежно потекнуваат од земјите на Блискиот и на Средниот Исток, го говорат арапскиот јазик, кој во одредени земји има посебен дијалект што само тие го зборуваат, тоа преставува голем предизвик и предуслов за успешно спроведување на прелиминарното собирање информации и спроведување интервју. Затоа е потребно да се има листа на преведувачи подготвена однапред за повеќе јазици што се користат во земјите на потекло на мигрантите-бегалци што транзитираат на подрачјето на РМ.
МЕРКА 6: Ополномоштување правен полномошник
Него го определува старателот, веднаш по изготвувањето на Овластувањето за назначување на посебен старател, со изготвување на пимено полномошно за назначување на правен полномошник што ќе го советува и ќе го застапува НМДС пред државните органи.
МЕРКА 7: Спроведување интервју со НМДС
Спроведувањето првично интервју со НМДС претставува најчувствителна постапка што се презема кон НМДС по неговото првично идентификување дека е непридружуван.Интервјуто се спроведува од обучени професионалци на ЦСР/МЦСР, кои имаат искуство со ранливата категорија деца, а особено со НМДС со странски државјани. Тоа се спроведува во просториите на ЦСР/МЦСР, кои се адаптирани за работа со деца, а само во исклучителни ситуации во просториите на МВР, ако се работи за загрозена безбедност на НМДС. Интервјуто треба да помогне да се утврди како да се третира малолетното – дете-странец.
СОП 2: Згрижување и првична помош
МЕРКА 1: Назначување старател
МЦСР за прифатениот НМДС со решение назначува старател и формира стручен тим одговорен за постапување со НМДС.
МЕРКА 2: Првична проценка на ризикот
Целта на првичната проценка на ризикот е да се идентификуват слабите страни и ризиците по НМДС, со цел нивно отстранување и намалување на последиците од нив преку навремено планирање и преземање мерки за нивно отстранување.
МЕРКА 3: Иницијален лекарски преглед
Има цел да ја констатира општата психофизичка и здравствена состојба на НМДС, хроничните болести, телесните инвалидитети и недостатоци, со цел навремено планирање и преземање дополнителни здравствени мерки.
МЕРКА 4: Згрижување – сместување
Старателот е должен, заедно со стручниот тим, да направи проценка за потребите на НМДС, неговите специфичности и карактеристики, и која форма на згрижување-сместување ќе ја примени. Ова е во зависност и од можностите што ги нуди МТСП во моментот и другите форми на институционално и вонинституционално згрижување што ги има.
МЕРКА 5: Проценка на потребите
Проценка на потребите се врши врз основа на следниве критериуми: податоци за досието на случајот; основни потреби (сместување, храна, лекови, комуницирање со семејството); проценките на ризикот и здравствени потреби. Тоа се извршува по изготвувањето на првичната проценка на ризикот, згрижување-сместување на НМДС.
СОП 3: Регулирање на престојот на НМДС
МЕРКА1: Известување на МНР
Информирање на ДКП во РСМ на земјата на потекло на идентификуваниот НМДС или ДКП на трета земја што ги застапува интересите на земјата на потекло, а доколку таа нема свое претставништво, се известува МНР за идентификуваното НМДС со податоци за него, за родителите, местото на живеење, државата и дали поседува лични документи. Целта на известувањето е да се овозможи: потврда на идентитетот на НМДС; обезбедување лични документи; предуслови за започнување постапка за семејно обединување.
МЕРКА 2: Правно советување и информирање на НМДС за постапката за регулирање на престојот
Информирање на НМДС за формално-правната постапка, процедурата, видот и начинот на регулирање на престојот, целта и придобивките од нив за НМДС. МЦСР, по упатениот и прифатен НМДС и донесувањето решение за старател, изготвува овластување за назначување правен полномошник на НМДС. Изборот на правен полномошник се врши од листата на МП/правни полномошници, како и од листата на МЗМП што се обучени за правно советување на НМДС. Тоа треба да овозможи НМДС да ја сфати постапката и процедурата за да може да ја искаже својата волја и согласност, а сè во негов најдобар интерес.
МЕРКА 3: Постапки за регулирање на престојот на НМДС
Регулирањето на престојот на НМДС-странец може да се темели на следниве основи:барање за привремен престој поради хуманитарни причини[2] и барање за признавање на правото на азил[3]. Изборот на основата по која ќе се бара регулирањето на престојот зависи од тоа што претставува најдобар интерес на детето, а тоа се базира на претходно извршената проценка за финалните решенија што се планират за НМДС.
СОП 4: Семејно обединување – враќање[4]
МЕРКА 1. Идентификување на семејството
Мерки и активности на надлежните институции насочени кон прибирање информации и податоци за: идентификација на родителите; браќа, сестри; блиски роднини; каде се наоѓаат тие; доколку не се во земјата на потекло – нивниот статус.
МЕРКА 2: Проценка на ризикот при одлука за семејно обединување
Утврдување на степенот на безбедносен ризик за НМДС при семејно обединување, од неговите родители/блиски роднини, од ризикот за враќање во земјата на потекло или дестинацијата каде што престојуваат неговите родители/блиски роднини, како и социјалниот ризик со кој би се соочил.
МЕРКА 3: Пронаоѓање на семејството и нивно информирање
Мерки и активности на надлежните институции кои постапуват со НМДС, за пронаоѓање на неговите родителите/блиски роднини заради остварување контакт со нив, нивно информирање за пронајдениот/идентификуваниот НМДС, заради започнување постапка за нивно обединување.
МЕРКА 4: Подготовка за враќање /семејно обединување
Оваа мерка се спроведува откако ќе бидат создадени услови за безбедно враќање на детето, кои вклучуваат: идентификувани и пронајдени родители/родител/близок роднина; извршени безбедносни проверки; обезбедени социјални предуслови; добиена согласност од земјата на прием; донесена одлука за враќање;обезбедени патни документи.
МЕРКА 5: Враќање / примо-предавање
Мерка што се презема по успешно спроведената постапка, односно откако ќе бидат создадени услови за безбедно враќање на детето, со цел семејно обединување на НМДС за негово враќање/ транспорт до местото/ државата каде што се наоѓат неговите родители/родител/блиски роднини со кои тој треба семејно да се обедини или примопредавањето се врши во РМ.
СОП 5: Локална интеграција – долгорочна помош
МЕРКА 1: План за долгорочна помош
Планирање мерки и активности на одговорните институции насочени кон заштита на правата на НМДС, во согласност со меѓународните конвенции и домашното право, а сè со цел негово локално интегрирање во системот сè до моментот на пронаоѓање на семејството и семејно обединување.Планот за долгорочна помош треба да содржи: индивидуална проценка; старателство; згрижување; психосоцијална поддршка; здравствена заштита; образование/едукација; правна помош; преведувач.
МЕРКА 2: Старателство
Назначување старател и стручен тим, кои ќе ја имаат улогата на заменски родител и кои во текот на целиот процес 24/7 имаат активна улога во планирањето, спроведувањето и надзорот над спроведувањето на мерките и правата на НМДС. На старателот/стручниот тим на располагање му се капацитетите на сите владини институции и МО/ГО за остварување на потребите на НМДС во делот на стручна помош и размена на искуства.
МЕРКА 3: Згрижување – сместување[5], [6]
Изнаоѓање најдобро решение во согласност со законските можности, кое за НМДС ќе претставува најдобро решение што е во негов најдобар интерес и да воспостави услови за живеење што ќе му овозможат интегрирање во општествениот живот. Изборот на начинот и формата на згрижување на НМДС е исклучиво избор и одлука на старателот/стручниот тим, а врз основа за законските решенија што ги нуди Законот за социјална заштита, а врз основа на расположливите капацитети и форми на згрижување што ги нуди МТСП. Сместувањето треба да биде долгорочно решение, кое на НМДС ќе му овозможи услови на живеење што имаат особености на семеен дом, како што се згрижување во згрижувачко семејство или во мал групен дом.
МЕРКА 4: Здравствена заштита[7]
Овозможување пристап до бесплатна здравствена заштита рамноправно како и сите граѓани на РМ за време на неговиот престој во РМ. Пристап до примарна, секундарна и терцијарна здравствена заштита.НМДС за време на целокупниот процес од идентификација до семејно обединување или локална интеграција има право на целосна здравствена заштита во согласност со законските прописи на РСМ.
МЕРКА 5: Образование
Право на пристап до образовниот процес во РМ, учење на македонскиот јазик, професионално обучување и оспособување со цел успешно локално интегрирање. Учењето на македонскиот јазик е важен предуслов во вклучувањето во образовниот процес и успешно спроведување на локалното интегрирање.
СОП 6: Кривична постапка[8]
МЕРКА 1: Заштита на правата на НМДС во улога на обвинет
НМДС може да се јави во својство на обвинет во случаи кога постои основано сомневање дека сторил кривично дело што се гони по службена должност.Заштитата на правата на НМДС во кривичната постапка се однесуваат на: забрана за мачење или друга свирепа, нехумана постапка или казнување; забрана за незаконско и самоволно лишување од слобода; во случај на притворање, да биде издвоен од полнолетните лица и да му се овозможи преписка со семејството; правото на брза правна помош;правото на законски старател да учествува во сите фази на постапката.
МЕРКА 2: Заштита на правата на НМДС во улога на сведок
НМДС треба да се користи како сведок само во исклучителни случаи, кога е тој единствениот сведок и не постојат други материјални докази во постапката против сторителите, на начин и јазик што ги разбира според неговата возраст и зрелост да го сфати значењето на постапката.
МЕРКА 3: Заштита на правата на НМДС како жртва / сведок
НМДС, во улога на жртва/сведок, може да се јави како:
- оштетен како последица на кривично дело;
- жртва на кривичното дело трговија со луѓе[9];
- сведок/оштетен како последица на кривичното дело нелегален пренос на мигранти;
Во случаите кога НМДС е жртва на кривично дело, правниот полномошник ќе иницира постапка за компензација во корист на жртвата поради последиците од кривичното дело. Правниот полномошник и старателот учествуват, со НМДС, во текот на целата постапка, заради негово запознавање, како и заради заштита на неговите права и интереси.
- Опасности на бегалците (а особено трауматични за НМ)
- Бело робје – Според Европол одбивањето на Велика Британија да прими 3 000 НМ, значи олеснување на ‘‘жетвата‘‘ на криминалците.Според статистички податоци од 2015 година само Шведска има 37 000 вакви деца.Во Словенија повеќе од 80% од овие деца исчезнуваат,додека пак во Германија има 4 700 исчезнати НМ.Некои од нив се отуѓени и прават мали банди кои оперираат околу железнички и автобуски станици во Скандинавија.[10]
Според Џастин Форсајт од организацијата „Save the children“, само во последнава година, во Западна Европа се грабнати 26 илјади малолетници. Треба ли да се потсетиме дека балканската рута, која минува низ Македонија е еден од главните влезови на овие деца. Оттаму, не треба да чуди ниту официјалната бројка на МВР дека само после јуни 2015 година се забележани 18.000 вакви деца кај нас.
„Овие деца се најлесна мета. Децата пријавуваат дека се силувани, претепувани на патот кон Европа. А тоа се видливи деца кои минале низ камповите – вели генералниот директор на „Save the children“, Каролин Мајлс.
- Уништувани домови– ‘‘Save the children“, објавуваат дека на 8ми август 2019 персоналот од либанските вооружени сили делумно демолираше над 350 домови на бегалци во четири шаторски населби во Акар, во северен Либан, користејќи чекани.Тоа се извршило со образложение дека структурите не биле во согласност со неодамнешната наредба на Високиот совет за одбрана на Либан.И покрај тоа, тие уапсуваат лица бидејќи немаат документи за легален престој,меѓу кои има и малолетници. За бегалците кои веќе избегале од брутална војна ,трауматичен настан е тоа стотици војници да влезат во нивната заедница, опремени со чекани и да им се дадат само неколку моменти да соберат предмети пред да ги урнат своите домови. Оваа акција е особено трауматична кај децата.[11]
- Ковид 19 -Во Бангладеш, Грција и Либан, бегалските семејства веќе живееја во многу несигурни услови. Сместени во шатори или засолништа за итни случаи, тие сега страдаат од целата сила на разорните последици од пандемијата Ковид-19. „Актуелната ситуација создаде дополнителна траума за семејствата, додавајќи им на веќе многу тешки животи“, објаснува Језерца Тигани, шеф на делегацијата на Тере де хомс во Грција. “Луѓето живеат во преполни кампови. Недостатокот на простор ги спречува да следат социјално растојание. Кујните и санитарните јазли треба да се споделат, а заштитниот материјал е достапен само во ограничена мерка.” Основната нега е намалена на минимум во повеќето кампови во Грција или целосно недостасува. Општата несигурност и новите ограничувања ја прават ситуацијата особено застрашувачка за децата. “Семејства од шест или седум лица живеат во контејнер од 12 квадратни метри што служи како нивно сместување, без ништо да прават. Децата покажуваат знаци на лутина и агресивност. Честопати ги гледаме како плачат”, објаснува Језерца. Слични услови преовладуваат во камповите каде што работиме во Либан и Бангладеш.[12]
- Спиење на отворено небо среде зима – Во главниот град на Србија, малолетни мигранти без придружба живеат на отворено – среде зима. Нивната натамошна судбина е во рацете на меѓународната криумчарска мрежа(11.01.2021).И покрај студениот ветер и корона вирусот деца со дебели капути и бели прекривки шетаат по шопинг зоните. Поголемиот дел се без придружба , на возраст од 11 до 17 години.[13]
- Насилство и злоставување-Во многу случаи, децата се жртви на насилство и злоупотреби, вклучително и сексуално злоставување. Но, тие не зборуваат за тоа со своите родители: „Тие не сакаат нивните родители да се грижат“, вели Јовановиќ: „Тие мислат: морам да го поминам ова, мора да бидам силен. Така ќе пораснам. Јас веќе не сум мало момче “.[14]