Користење на социјалните мрежи во циклусот на раселување

Автор:
Дона Николовска

Универзитет „Св. Кирил и Методиј“,
Правен факултет  „Јустинијан Први“ – Скопје
Правна клиника за право за бегалци
2020, Скопје

Вовед

Подемот на интернет технологијата и појавата на социјалните мрежи придонесе значајни промени кои влијаат на сите луѓе во светот. Создавањето на социјалните мрежи воспостави еден нов свет на полесно функционирање, информирање како и комуницирање меѓу луѓето.  Како што е познато меѓу најпопуларните и најмногу користени мрежи се Facebook – мрежно место кое служи како услуга за социјално вмрежување со слободен пристап, Whatsapp мрежата која се користи за бесплатна комуникација како и споделување медии, речиси еднаквата-Viber, GPS како единствен целосно функционален навигациски сателитски систем, Twitter како социјална мрежа за микроблогирање и други.  Ефикасноста на овие мрежи може да ја забележиме преку нивната глобална употреба. На пример, според последните истражувања скоро 3 милијарди луѓе во светот користат Facebook, Instagram, Whatsapp или Messanger, од кои секојдневно се активни просечно 1.73 милијарди луѓе.[1]

Широка примена како и најесенцијална потреба на информатичката и комуникациската технологија и користење на социјалните мрежи постои на особен начин кај луѓето погодени од природни катастрофи или вооружени конфликти[2]. На пример, во истражување за користењето на Twitter мрежата околу Јапонскиот земјотрес во 2011, научници пронашле значителен пораст на дистрибуцијата на твитови веднаш по земјотресот, што предлага дека Twitter мрежата е значителен извор на информации веднаш по катастрофа или криза.[3] 

Кризни ситуации во кои социјалните мрежи би имале огромно влијание се се’ повеќе. Во 2015 година бевме сведоци на една вонредна состојба предизвикана од големиот прилив и транзит од околу 1 милион бегалци и мигранти во нашата земја. Според УНХЦР на крајот на 2019 година 79.5 милиони луѓе се сеуште раселени.[4]  Социјалните медиуми се се’ повеќе популарни помеѓу бегалците како извор на информации при подготовката за тоа каде да мигрираат, за контакт со криумчари, владини информации од државата одбрана како дестинација и евалуација на споделени бегалски и мигрантски искуства на други во слична ситуација.[5]    

Имајќи ги во предвид овие два феномена, информатичката и комуникациската технологија и присилно раселените лица, предмет на оваа семинарска работа е користењето на социјалните мрежи во циклусот на раселување на лицата кои биле присилени да ги напуштат своите домови.

I.

Бегалците кои се жртви на немири во својата држава, на воени конфликти, на прогон, дискриминација и слично, се приморани да ја напуштат својата држава. Помогнати и од интернетот, овие лица посветуваат големо внимание на чекорите кои треба да ги превземат, разгледувајќи различни варијанти и остварување на целта на најбезбеден начин. Преку социјалните мрежи бегалците имаат едноставен пристап до оние факти кои им се потребни и така создаваат план за тоа кој пат, односно која рута би ја одбрале и степенот на опасност по патот. Доколку веќе е одбрана целната дестинација, тогаш бегалците се обидуваат да се стекнат со информации околу границите кои треба да ги поминат, информирање околу моменталната ситуација на границите и евентуални тековни промени, односно затварање на граничните премини, каде би можеле да остварат контакти со други бегалци, како да дојдат до доверливи криумчари и слично. Така на пример, тие однапред прибираат информации каде би можеле да се приклучат на бесплатен Wi-Fi, каде би нашле засолниште, храна и каде би можеле да примат или сменат пари и слично. За многу од овие информации тие се претходно запознаени преку статуси споделени на мрежите како Facebook, Twitter или пак преку остварување контакт преку други мрежи.

Според истражувањето на Холандските Универзитети од март 2018 година[6], може да се забележи користењето на социјалните мрежи пред и за време на миграцијата, односно дека пред започнување на нивниот пат, масовно се користат социјалните мрежи како Facebook кое потоа се намалува за 50%, додека за време на миграцијата подеднакво се користат алатките за инстант пораки како Whatsapp, а особено се зголемува користењето на алатки за ориентација како Google Maps.


Друга намена на информатичката технологија е безбедно чување на документи и финансиски средства. Така, пред да го започнат својот пат, бегалците се осигуруваат дека ги имаат испратено во електронска форма на некоја од нивните мрежни апликации есенцијалните документи, како што се скенирани патни исправи, свидетелства, изводи на родени, докази за нивното прогонување, па дури и снимки од воени злосторства, контакти, одредена сума на пари и слично. Тоа е начин на кои ќе можат безбедно да ги понесат со нив и да ги користат кога ќе пристигнат до посакуваната дестинација, по потреба. Тука информатичката и комуникациската технологија претставува голема предност, бидејќи се јавува како начин на кој сите тие есенцијални работи ќе бидат пренесени во виртуелниот свет, односно би биле содржани во мобилните телефони до моментот кога ќе им притребаат и каде што е многу потешко да се дојде до пристап од страна на неовластени лица или пак да дојде до нивно уништување, кражба или злоупотреба. 

За 90% од мигрантите е речиси невозможно да го остварат своето патешестиве по редовен пат. Поради тоа тие воспоставуваат контакт и користат услуги на криумчари. 

Бегалците меѓу првите чекори што ги превземаат е пронаоѓање доверлив и искусен криумчар и обезбедување на средства за нивните услуги. Најчесто тоа претставува предизвикувачка ситуација поради сумите кои криумчарите првично ги поставуваат, а кои можат да се променат во текот на рутата, со што да западнат во безизлез и дури да станат жртви на трговија на луѓе доколку не обезбедат нови парични средства.

Многу од бегалците претражуваат по социјалните мрежи за сите можни варијанти. При користење на социјалните мрежи, апликацијата Facebook претставува платформа на која има стотина групи како што е на пример ‘’Како да емигрираш до Европа’’, каде криумчарите ги споделуваат своите понуди, како и информации за контакт[7]. По првичниот контакт со криумчарите комуникацијата се префрла на други социјални мрежи со користење на шифрирани пораки, на пример, преку Whatsapp и Viber. На тие платформи бегалците ги добиваат деталните информации за рутите, како би се одвивало нивното движење, цените и слично.

Во последните години изгледа како да се зголемува бројот на раселени лица исто како и порастот на технологијата, криумчарите стануваат се повеќе и подобро обучени криминалци, како и што поставуваат се повисоки цени, а и потешко е да бидат забележани и спречени од полицијата. Поради истите причини, особено после војната во Сирија, криумчарењето постана мулти-милионерска индустрија. Според Европол, aгенцијата на Европската унија за извршување на законодавствата која им помага на државите членки да се справат со тешки меѓународни кривични дела и тероризам, просечната сума на пари здобиени преку процесот на криумчарење достигнува 6 милијарди долари годишно.[8]

Владини и невладини социјални мрежи 

Препознавајќи ја важноста на интернетот и социјалните мрежи најголем број на влади ги објавуваат на своите веб стани нивните политики за азил или начинот на кој може да се стекне азил. Дури во случајот на Грција бегалците имаат можност да поднесат барање за азил преку Skypе[9]. 

Од друга страна, владите на државите од кои бегаат бегалците како на пример Афганистан, ги користат социјалните мрежи да ги обесхрабрат луѓето да ја напуштат државата на начин што објавуваат ужасни фотографии и приказни за луѓето кои го загубиле животот на патот према Европа. Бегалците најчесто не им веруваат на овие информации и ги сметаат за владина пропаганда[10]. 

Исто и одредени влади во Европската Унија ги користат социјалните мрежи за да ги одвратат бегалците, на пример владата на Финска организираше кампања на Facebook наречена не-доаѓај со фокус на младината во Турција и Ирак[11].

Моќта на социјалните мрежи ја препознаваат и меѓународните организации кои се бават со бегалци и мигранти, како и невладините организации кои сите објавуваат основни информации од корист за бегалците и мигрантите, како и нудат различни форми за комуникација во случај на потреба. Така на пример, УНХЦР има посебен портал help.unhcr.org кој содржи основни информации од повеќе земји во врска со азилот и нуди контактни броеви за итна помош преку телефон, Whatsapp, Viber[12].

Споделени искуства

Во 2015 година Меѓународниот комитет за спас дојде до констатација за поседувањето и користењето на мобилните телефони. Тој заклучок е настанат како резултат на регуларната проверка на предметите кои што ги носат во патните торби. Речиси во сите патни торби е забележано присуство на мобилен телефон.[13]  Оваа информација ни доловува една слика за важноста и потребата на тие уреди.

Бегалците се обидуваат да го остварат своето патување на што повеќе безбеден начин, собирајќи информации и барајќи совети, избегнувајќи ги ризиците. Благодарение на информатичката и комуникациската технологија овој фактор е значајно помогнат, а на кој начин ќе се запознаеме подолу во текстот.

Како што разгледавме погоре во табелата, како најкористени мрежи кои наоѓаат огромна корист кај бегалците се Whatsapp, Viber, Messenger, Facebook, Twitter и сл.[14] Kонкретно ќе ја земеме за пример мрежата Facebook, каде што е забележано често споделување на искуства, предупредувања и слично.

Бегалците најчесто ги споделуваат информациите преку индивидуални објави или објави во одередени Facebook групи. Карактерот на тие објави може да биде различен.

Дел од објавите содржат предупредувања, како на пример која рута да се обиде да се избегне, каде бегалците наишле на проблеми според нивните лични патувања, каде би можеле да бидат измамени, информации околу граничните премини како што може да дојде до нивно затварање и слично.

Сомалиската младинска организација Анти Тарииб се обиде да ги предупреди Сомалијците на опасностите од нерегулараната мигразија за Европа, преку објави на нивната Facebook група

Слика8:  Преводот гласи: Еј! Разбудете се, слушајте и видете низ што минуваат оние што тргнаа во Тахрииб и на крај ги загубија животите во морето или во ќелиите од глад. Нашите сестри се експлоатирани и злоупотребени. Вие сте лидери на утрешнината кои се потребни на земјата. Да го запреме Тахирииб[15].

Една од најзначајните работи е сентименталната страна на употребата на овие мрежи. Преку нив, бегалците ја имаат можноста постојано да се во контакт со својата фамилија, своите пријатели. Преку мобилните телефони тие се само неколку потези оддалечени од комуникација. Како и во другите случаи, таа се остварува за позитивни вести и прославување на успешна миграција, чисто за проверување на состојбата на нивните блиски, споделување фотографии, музика и слично.

 

Ризици и идни перспективи на комуникациската технологија во бегалскиот контекст

Информатичката и комуникациската технологијата која што ни е достапна денес претставува огромна предност во нашите животи. За користењето на социјалните мрежи ни се потребни само неколку фактори, како паметен телефон и интернет мрежа и со неколку потези веќе сме поврзани со широк спектар на можности. На бегалците со користењето на социјалните мрежи, значително им е олеснат процесот на миграција, со брзата размена на информации и разните контакти. Меѓутоа, поради одредени ризици, понекогаш користењето на социјалните мрежи може да допринесе повеќе штета, отколку добро.  

Мобилните телефони не се секогаш  во функција, како на пример не поседување на SIM картички, недостапност на мрежа, недостапност на интернет, празна батерија и други технички проблеми и тоа може да се појави како пречка. Разбирливо е при едно такво патешествие, пристапот до потребната функционалност на мобилниот телефон да не е секогаш достапна.

При интервју на еден од бегалците тој изјавува дека: ,,Во Сирија имаше слаба интернет конекција. Дома, имав рутер за подобар сигнал. За време на патувањето ми беше лесно да најдам пристап до интернет конекција, освен во Македонија. Немав локална SIM-картичка во Македонија. Во Турција имаше интернет во јавниот превоз(Махди, машко, 35 години).’’[16]

Еден од ризиците при патот на бегалците, претставува споделувањето на лажни вести. 

Најчесто бегалците се жртви на измами од страна на криумчарите. Имено, повеќето криумчари користат Facebook за да ги објават своите понуди. Многу често тие создаваат нереална слика за тоа како би изгледал патот до посакуваната земја, со цел полесно да ги привлечат бегалците да ги исконтактираат. Истото нешто го прават и околу претставувањето на државите до кои можат да стигнат. Споделуваат разни објави каде им ветуваат на бегалците дека животот во таа земја би им бил со одлични улови. Односно, може да бидат споделени лажни вести како на пример дека на секој човек му следи добивање на азил во брза постапка, бесплатно образование, работно место и слично. 

Спротивно на ова пак, социјалните мрежи можат да бидат доста корисни, на пример, освен претходно елаборираното, тие можат и да помогнат да се добие меѓународна заштита. 

Така, во 2019 година млада девојка која ја напуштила својата држава поради насилство, откако била забележана од властите и било соопштено дека ќе мора да се врати кај својата фамилија. Знаејќи за последиците, односно смртна казна, Рахав се изолирала на аеродромот во Тајланд и веднаш превземала мерки. Со помош на платформата Twitter успеала да алармира и со помош на активисти и други организации, да се спаси и  да добие азил во Канада[17].

Заклучок

Со оглед на начинот на функционирањето на информатичката и комуникациската технолигја, основен предуслов за нивно користење кога ќе го напуштите вашиот дом е поседување на т.н. паметен телефон и пристап до интернет мрежа. Така што, поседување на ваков уред и пристап до интернет мрежа стана составен дел на подготовката на бегалците кои се спремаат да ја напуштат својата држава и средства за преживување во текот на нивното патешествие, свесни дека во денешно време скоро да не постои друг начин да се пристигне во безбедна за нив земја, на пример земја на Европската Унија, освен преку нерегуларено преминување на границите. Повторно, еден бегалец од Сирија за да пристигне во Германија мора да помине 6-7 држави со сите ризици при таквото движење. Затоа, бегалците во денешно време се обидуваат да ги превземат сите мерки кои би ги намалиле ризиците при нивното патешествие и пристапот до социјалните мрежи претставуваат огромна важност, до толку што тие се мерат со потребата за најосновните фактори за преживување.

Врз основа на изложеното, можеме да заклучиме дека скоро ниту еден бегалец нема да се осмели да патува без да понесе и користи паметен телефон. Истовремено, социјалните мрежи стануваат се повеќе напредни и лесно пристапни. Оваа појава може да биде од огромен бенефит за бегалците, но за истата се свесни и оние кои секако имаат експлоитативен пристап кон состојбата на бегаллците. 

Поради тоа се тоа се наметнува потребата да се стандардизираат интернет платформите и средствата за комуникација кои се проверени.

Сепак бегалците преку информатичките и комуникациските технологии добиваат широк спектар на можности, кои апсолутно треба да ги користат во нивна предност, избегнувајќи ги ризиците, користејќи ги најбезбедните опции, рути итн., прибирање на информации и слично. Притоа значително да внимаваат да не бидат вовлечени во темната страна на овие медии, како измама, кражби, криминал, злосторства и друго.

Информатичката и комуникациската технологијата која што ни е достапна денес претставува огромна предност во нашите животи. За користењето на социјалните мрежи ни се потребни само неколку фактори, како паметен телефон и интернет мрежа и со неколку потези веќе сме поврзани со широк спектар на можности. На бегалците со користењето на социјалните мрежи, значително им е олеснат процесот на миграција, со брзата размена на информации и разните контакти. Меѓутоа, поради одредени ризици, понекогаш користењето на социјалните мрежи може да допринесе повеќе штета, отколку добро.  

Мобилните телефони не се секогаш  во функција, како на пример не поседување на SIM картички, недостапност на мрежа, недостапност на интернет, празна батерија и други технички проблеми и тоа може да се појави како пречка. Разбирливо е при едно такво патешествие, пристапот до потребната функционалност на мобилниот телефон да не е секогаш достапна.

При интервју на еден од бегалците тој изјавува дека: ,,Во Сирија имаше слаба интернет конекција. Дома, имав рутер за подобар сигнал. За време на патувањето ми беше лесно да најдам пристап до интернет конекција, освен во Македонија. Немав локална SIM-картичка во Македонија. Во Турција имаше интернет во јавниот превоз(Махди, машко, 35 години)’’.

Еден од ризиците при патот на бегалците, претставува споделувањето на лажни вести. 

Најчесто бегалците се жртви на измами од страна на криумчарите. Имено, повеќето криумчари користат Facebook за да ги објават своите понуди. Многу често тие создаваат нереална слика за тоа како би изгледал патот до посакуваната земја, со цел полесно да ги привлечат бегалците да ги исконтактираат. Истото нешто го прават и околу претставувањето на државите до кои можат да стигнат. Споделуваат разни објави каде им ветуваат на бегалците дека животот во таа земја би им бил со одлични улови. Односно, може да бидат споделени лажни вести како на пример дека на секој човек му следи добивање на азил во брза постапка, бесплатно образование, работно место и слично. 

Спротивно на ова пак, социјалните мрежи можат да бидат доста корисни, на пример, освен претходно елаборираното, тие можат и да помогнат да се добие меѓународна заштита. 

Така, во 2019 година млада девојка која ја напуштила својата држава поради насилство, откако била забележана од властите и било соопштено дека ќе мора да се врати кај својата фамилија. Знаејќи за последиците, односно смртна казна, Рахав се изолирала на аеродромот во Тајланд и веднаш превземала мерки. Со помош на платформата Twitter успеала да алармира и со помош на активисти и други организации, да се спаси и  да добие азил во Канада.

Фусноти
  1. Види: https://zephoria.com/top-15-valuable-facebook-statistics/
  2.  Houston, J. B., Hawthorne, J., Perreault, M. F., Park, E. H., Goldstein Hode, M., Halliwell, M. R., … & Griffith, S. A. (2015). Social media and disasters: a functional framework for social media use in disaster planning, response, and research. Disasters39(1), 1-22.
  3.  Thomson, R., Ito, N., Suda, H., Lin, F., Liu, Y., Hayasaka, R., … & Wang, Z. (2012, April). Trusting tweets: The Fukushima disaster and information source credibility on Twitter. In ISCRAM.
  4.  Види: https://www.unhcr.org/news/press/2020/6/5ee9db2e4/1-cent-humanity-displaced-unhcr-global-trends-report.html
  5.  Dekker, R., Engbersen, G., Klaver, J., & Vonk, H. (2018). Smart refugees: How Syrian asylum migrants use social media information in migration decision-making. Social Media+ Society4(1), 2056305118764439.
  6.  Dekker, R., Engbersen, G., Klaver, J., & Vonk, H. (2018). Smart refugees: How Syrian asylum migrants use social media information in migration decision-making. Social Media+ Society, 4(1), 2056305118764439.
  7.  Види: http://www.mixedmigration.org/wp-content/uploads/2018/05/015_getting-to-europe.pdf
  8.  INTERPOL,  (2016). Migrant Smuggling Networks: Joint Europol-INTERPOL Report. Europol INTERPOL. 
  9.  Види: http://asylo.gov.gr/en/?page_id=72
  10.  Види: https://www.unhcr.org/5909af4d4.pdf
  11.  Види: http://www.mixedmigration.org/wp-content/uploads/2018/05/015_getting-to-europe.pdf
  12.  Види: https://help.unhcr.org/northmacedonia/where-to-seek-help-in-north-macedonia/
  13.  Frouws, B., Phillips, M., Hassan, A., & Twigt, M. (2016). Getting to Europe the WhatsApp way: The use of ICT in contemporary mixed migration flows to Europe. Regional Mixed Migration Secretariat Briefing Paper.
  14.  Dekker, R., Engbersen, G., Klaver, J., & Vonk, H. (2018). Smart refugees: How Syrian asylum migrants use social media information in migration decision-making. Social Media+ Society, 4(1), 2056305118764439.
  15.  Dekker, R., Engbersen, G., Klaver, J., & Vonk, H. (2018). Smart refugees: How Syrian asylum migrants use social media information in migration decision-making. Social Media+ Society, 4(1), 2056305118764439.
  16.  Dekker, R., Engbersen, G., Klaver, J., & Vonk, H. (2018). Smart refugees: How Syrian asylum migrants use social media information in migration decision-making. Social Media+ Society, 4(1), 2056305118764439.
  17. https://www.theguardian.com/world/2019/jan/11/canada-and-australia-in-talks-with-un-to-accept-saudi-asylum-seeker-rahaf-mohammed-al-qunun
Користена литература
  1. Види: https://zephoria.com/top-15-valuable-facebook-statistics/
  2. Houston, J. B., Hawthorne, J., Perreault, M. F., Park, E. H., Goldstein Hode, M., Halliwell, M. R., … & Griffith, S. A. (2015). Social media and disasters: a functional framework for social media use in disaster planning, response, and research. Disasters39(1), 1-22.
  3.  Thomson, R., Ito, N., Suda, H., Lin, F., Liu, Y., Hayasaka, R., … & Wang, Z. (2012, April). Trusting tweets: The Fukushima disaster and information source credibility on Twitter. In ISCRAM.
  4.  Види: https://www.unhcr.org/news/press/2020/6/5ee9db2e4/1-cent-humanity-displaced-unhcr-global-trends-report.html
  5.  Dekker, R., Engbersen, G., Klaver, J., & Vonk, H. (2018). Smart refugees: How Syrian asylum migrants use social media information in migration decision-making. Social Media+ Society4(1), 2056305118764439.
  6.  Види: http://www.mixedmigration.org/wp-content/uploads/2018/05/015_getting-to-europe.pdf
  7.  INTERPOL,  (2016). Migrant Smuggling Networks: Joint Europol-INTERPOL Report. Europol INTERPOL. 
  8.  Види: http://asylo.gov.gr/en/?page_id=72
  9.  Види: https://www.unhcr.org/5909af4d4.pdf
  10.  Види: https://help.unhcr.org/northmacedonia/where-to-seek-help-in-north-macedonia/
  11.  Frouws, B., Phillips, M., Hassan, A., & Twigt, M. (2016). Getting to Europe the WhatsApp way: The use of ICT in contemporary mixed migration flows to Europe. Regional Mixed Migration Secretariat Briefing Paper.
  12. https://openmigration.org/en/op-ed/mobile-refugees-and-smartphones/
  13. https://journals.sagepub.com/doi/10.1177/2056305118764439
  14. https://journals.sagepub.com/doi/full/10.1177/2056305118764438
  15. https://www.reuters.com/article/us-europe-migrants-facebook-idUSKCN0R14CX20150901
  16. https://is.muni.cz/el/1423/jaro2016/SOC783/SOC_783_Week_9_Wall_et_al_2015.pdf
  17. https://spheres-journal.org/contribution/media-use-during-escape-a-contribution-to-refugees-collective-agency/
  18. https://www.theguardian.com/world/2019/jan/11/canada-and-australia-in-talks-with-un-to-accept-saudi-asylum-seeker-rahaf-mohammed-al-qunun