Надоврзувајќи се на воспоставената соработка меѓу Центарот за право за бегалци и миграција при Правниот факултет „Јустинијан Први“ на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје со Претставништвото на УНХЦР во Северна Македонија и Меѓународниот институт за хуманитарно право од Санремо, првото издание на Вишиот тематски форум за меѓународна заштита за бегалци беше замислено како тематски собир кој се фокусира на прашања релевантни на конкретниот контекст за заштита не бегалци во Северна Македонија. Препораките понудени од експертите и учесниците на овие годишни собири служат за информирање на понатамошниот пристап кон исполнување на клучните цели за заштита на бегалците во земјата.
Во улога на организатори на овој Форум, заедно со сите потписници на овој Манифест, Центарот, УНХЦР и Институтот заеднички се залагаат за создавањето и проширувањето на можности за високо образование за бегалци во Северна Македонија, како и за овозможувањето на вклучување на други релевантни актери меѓу државните институции, академската заедница и граѓанското општество, како во земјата, така и вон нејзините граници.
Овој манифест претставува покана за релевантните засегнати актери од земјата јавно да се заложат за претворање на високообразовните можности за бегалци-студенти од трети земји во Северна Македонија во реалност.
Целосен текст на Манифестот: