Автор:
Марија Мицевска
Универзитет „Св. Кирил и Методиј“,
Правен факултет „Јустинијан Први“ – Скопје
Правна клиника за право за бегалци
2021, Скопје
Вовед
Со векови луѓето патуваат за да најдат подобри услови за живеење населувајќи се на теритотии кои им обезбедуваат најголеми можности, права, услови кои ќе придонесат за нивната благосостојба и мирен живот.Со други зборови , територијата отсекогаш била важен дел од човековиот живот. Но, не сите територии претставуваат мирни подрачја каде има заедница која е насочена кон просперитетот на секој поединец уважувајќи ги сите подеднакво, сосема спротивно, некои територии стануваат подрачја каде не само што не е можно да се воспостави можност за општествен напредок и развој, туку стануваат невозможни за живот. Светот сведочи за најголемите миграции и раселување на луѓе од крајот на Втората светска војна, со тоа што цели заедници се протерани од нивните матични земји поради конфликти, екстремно насилство, економска и политичка нестабилност и еколошки опасности. Причините се многубројни почнувајќи од војните, граѓанските бунтови, масовноста на терористичките активности, големиот број на терористички организации за кои заедничка карактеристика е токму убивањето на невини жртви односно одземањето живот. Тоа се само неколку од многубројните причини кои денес во еден гобализиран свет започнаа да продуцираат голем број на бегалци од воените жаришта, кои сакајќи да се спасат од насилните акти кои се случуваат во нивната земја превземаат радикални мерки и си заминуваат од нивната земја. Бегалците отсекогаш биле интересна тема за научните кругови и меѓународната заедница, фактот што најмногу привлекува е тоа што тие бегаат од сопствениот дом и тргнуваат на пат кој е опасен и несигурен,причината која ги тера да направат таква радикална промена е секако стравот за својот живот, стравот од насилсилните акти или слични настани кои ја попречуваат нивната стабилност и мирен живот, страв каков што ние не можеме да замислиме, па како единствена опција го гледаат излезот од небезбедното подрачје.Самите комплексни околности ја наметнаа и нивната потреба од регулација, па затоа и постојат бројни меѓународни инструменти, документи и акти кои пред се се насочени кон обезбедување на заштита на бегалците и обезбедување на нивните основни права.Основа на меѓународниот правен режим за заштита на бегалците“ е Конвенцијата за бегалци. Јасното и прецизно регулирање на статусот на бегалците и нивната заштита е показател дека меѓународната заедница не е имуна на неправдите што се случуваат во поедини држави но и показател за потребата од грижа за овие лица и потреба од нивно интегрирање во општеството.
Оправданиот страв како елемент на дефиницијата на бегалец
Луѓето кои ја напуштиле својата земја затоа што се плашат од прогон можат да побараат азил. Тоа е нивно право загаранитиано во членот 14 (1) од Универзалната декларација за човекови права каде се вели дека „секој има право да бара и да ужива во други земји азил поради прогон“. Азилот е заштита што им се дава на оние лица кои ја исполнуваат меѓународната дефиниција за „бегалец“ вклучена во Конвенцијата на Обединетите нации од 1951 година и Протоколот од 1967 година .[1]
Член 1 А (2) од Конвенцијата во врска со статусот на бегалци 1951 година (Конвенцијата) вели дека терминот „бегалец ќе се однесува на секое лице кое поради оправдан страв дека ќе биде прогонето поради раса, религија, националност , членството на одредена социјална група или политичко мислење е надвор од земјата на неговата националност и не може или поради таквиот страв не сака да биде под заштита на таа земја, или кое ако нема државјанство, а се наоѓа надвор од земјата во која порано имало вообичаено место на престој не може или поради тој страв не сака да се врати во неа.[2]
Фразата „оправдан страв да не бидат прогонувани“ е клучната фраза на дефиницијата за бегалецот. Која опфаќа два елементи на дефиницијата за бегалецот: оправдан страв и прогонство.[3]
Конвенцијата од 1951 година го воведе општиот концепт на„ страв “за да се дефинира кој е бегалец. Додека стравот е субјективна емоција, за целите на утврдување на статусот на бегалец, тој мора исто така и да биде основан, односно мора да има објективна основа.
Објективен и субјективен елемент
Терминот „оправдан страв“ содржи субјективен елемент, претставен со состојбата на умот на апликантот, кој треба да се процени главно од изјавите на апликантите и објективен елемент кој треба да се процени врз основа на ситуацијата што владее во неговата земја на потекло. И двата елементи мора да се утврдат за стравот да се смета за основан во смисла на дефиницијата за бегалецот. Според Конвенцијата од 1951 година, прогонот мора да биде поврзан со која било од петте наведени основи: раса, религија, националност, членство во одредена социјална група и политичко мислење.
Субјективниот елемент е задоволен ако стравот на жалителот од прогон е вистински. Во контекст на утврдување на статусот на бегалец, стравот е дефиниран како страв или свесност за опасност. Општото несогласување или несогласување со владата или желбата за поголема лична слобода или подобрена економска состојба без ништо повеќе не се совпаѓа овој елемент . Апликантот го задоволува субјективниот елемент ако веродостојно артикулира вистински страв од прогон.При проценака дали стравот на барателот е субјетивен, треба да се земат во предвид неговото потекло, личните убедувања, општествениот статус и карактерот на личноста бидејќи психолошките реакции на различни личности не можат да бидат идентични во слични ситуации.Едно лице може да има строго политичко или религиозно уверување па доколку не се почитува доволно, може неговиот живот да го направи неподнослив, додека друго лице немора да има такви силни убедувања.Во некои случаи, барателот не може експлицитно да каже дека доживува страв. Во други случаи, тие дури можат да наведат дека немаат страв.[4] Сепак, отсуството на страв може да се смета за неважно кога околностите објективно би оправдале дека секој во такви околности би се соочил со страв.
Објективниот елемент е задоволен кога барателот утврдил дека постои разумна можност тој навистина да го трпи стравуваниот прогон. Утврдувањето дали стравот е основан, на крајот не зависи од статистичката веројатност за прогон, што скоро никогаш не е достапна, туку од тоа дали стравот на барателот се заснова на факти што би довеле разумна личност во слични околности да се плаши од прогон. Барателот мора да утврди веројатност за иден прогон така што разумно лице во околностите на барателот да се плаши од прогон по враќањето во неговата или нејзината земја на потекло. Така на пример во земја каде имаме задолжителен воен ангажман на младите при што неговото избегнување би довело до затворска казна, доколку личноста сака навистина да ги одбегне и двете, мора да ја напушти државата, но подоцна нејзиното враќање назад во државата несомнено дека ќе предизвикува оправдан страв кај таа личност од можни несакни последици (можна тортура од државата, заедницата ќе ја гледа како издајник, неможност за врботување, упатуање на навреди и постојан притисок од државните органи…).[5] Прогонството на членови на семејството или други лица тесно поврзани со барателот може да обезбеди објективен доказ дека стравот на апликантот од иден прогон е основан. Односно нема потреба од индивидуално таргетирање. За да биде бегалец, доволно е ако барателот може да докаже дека лица во слични околности биле прогонувани. Иако барателот треба да има „основан страв дека тој лично ќе подлежи на прогон“, разгледувањето на основаноста не мора задолжително да се заснова на личното искуство на барателот. На пример, она што му се случило на семејството, на пријатели и на други членови на расна или општествена група чиј припадник е барателот, може да укаже дека неговиот/нејзиниот страв е основан, но може да биде потребна дополнителна фактичка основа.[6] [7] [8]
Докажување на оправданиот страв
Во согласност со општите принципи на законот за докажување, товарот на докажување на постоењето оправдан страв е на товар на лицето кое го тврди тврдењето – во случај на бегалецот. Овој товар се разрешува со давање вистински податоци за неговото потекло и личните искуства што предизвикуваат страв од прогон. Сепак, заради особено ранливата состојба на барателите на азил и бегалците, одговорноста за утврдување и проценка на доказите ја споделува и донесувачот на одлуки. Во контекст на барањето, изразот „стандард на докажување“ значи праг што барателот треба да го исполни за да го убеди судијата за вистината на неговите тврдења.Стравот на апликантот треба да се смета за основан доколку тој / таа „може да утврди, до разумен степен, дека неговиот постојан престој во неговата земја станал неподнослив …“.
Различни национални судови одлучиле дека стравот е основан ако постои „разумна можност“ или „добра причина“ лицето да се плаши од прогон. Утврдувањето на оправдан страв е тесно поврзано и со задачата за проценување на доказите и кредибилитетот. Ако доказите на барателот се прифатат како кредибилни, органот што ја носи одлуката потоа доаѓа до чекор број два, а тоа е дали прифатените факти и околности се еднакви на оправдан страв. Всушност, „процената“ се одвива во два одделни фази. Првата фаза се однесува на утврдување на фактички околности коишто може да претставуваат докази што го поддржуваат барањето, додека втората фаза се однесува на правна процена на тие докази, што вклучува носење одлука, во однос на конкретните факти за дадениот случај, за тоа дали се исполнети материјалните услови утврдени со член 9 и 10 или член 15 од Директивата 2004/83 за доделување меѓународна заштита.[9]
Концептот на оправданиот страв како формулација составена од објективен и субјективен елемент не е прифатен исто во различни држави, со други зборови кажано некои не го прифаќаат објективниот елемент, други пак не го прифаќат субјективниот, додека трети бараат исполнување кумулативно на двата елементи.
Тековното право за азил бара барателите на азил да докажат дека имаат „основан страв од прогон“.Сепак, „основаниот страв“ – доказниот стандард во случаите на азил остана двосмислен и тешко може да се примени во случаите на азил. Во случајот ИНС наспроти Кардоза-Фонсека,[10] Врховниот суд на САД смета дека барателот на азил може да воспостави основан страв со помалку од 50% веројатност за иден прогон. Иако Судот се обиде да го разјасни значењето на основаниот страв, одлуката го комплицираше доказниот стандард со имплицирање дека се состои од два дела: субјективна компонента и објективна компонента.Субјективната“ компонента – е излишна бидејќи оваа компонента ретко се оспорува. Субјективната компонента во суштина не е проблем, бидејќи барателите на азил можат да ја докажат оваа компонента со изјава дека се плашат да се вратат во своите матични земји. Објективната компонента – дали стравот на барателите на азил е објективно разумен – останува нејасна. Врховниот суд треба да ја елиминира субјективната компонента во основаната анализа на страв и да претпостави дека барателите на азил имаат вистински страв доколку поднесат барање.Покрај тоа, Врховниот суд треба да ја поедностави објективно разумната анализа на страв до „разумна можност за прогон“, што би претставувало 10% можност за прогон. Разумната можност за прогонство ќе нагласи како основаниот страв укажува на праг или веројатност за прогон.[11][12]Непостоењето јасни мерила за докажување на компонентите на оправданиот страв доведуваат до различни толкувања во слични ситуации односно зависност од тоа што конкретната држава смета дека бегалецот треба да исполни за да му се признае статус на бегалец и да му се даде заштита.
Дефиницијата за бегалец, во смисла на Конвенцијата од 1951 година, е перспективна. Формулацијата „основан страв“ не бара прогон во минатото, иако прогонството во минатото е силен показател за постоењето на постојан страв. Меѓународната заштита на бегалците е превентивна по својата природа и затоа едно лице не треба да чека да биде прогонувано пред таа или тој да може да побара статус на бегалец. Како што е наведено во став 42 од Прирачникот, „стравот на апликантот треба да се смета за основан ако може, во разумен степен, да утврди дека неговиот континуиран престој во земјата на потекло станал неподнослив за него, од причините наведени во дефиницијата, или би бил неподнослив од истите причини ако тој се врати таму.[13]
Оправдан страв обично ја вклучува и подготвеноста и способноста на државата да ја исполни својата обврска да ги штити своите граѓани. Во случаи кога државата му нанесува штета или е соучесник во смисла што ја охрабрува, ја прифаќа или толерира повредата, лесно може да се донесе заклучок дека стравот е основан. Доколку стравот е повреди од недржавен субјект или група, а државата е подготвена да постапи против таквиот субјект или група, така што заканата веројатно ќе биде елиминирана или значително намалена, правилен заклучок кој може да се извлече е дека стравот не е основан, бидејќи не постојат реални шанси дека ќе се случи прогон. Меѓутоа, доколку земјата на жалителот обезбеди ниво на заштита што барателот има право да го очекува според меѓународните стандарди, тој нема да ги задоволи елементите на дефиницијата за бегалец од Конвенцијата дури и ако остане основан страв од штета. Така нема да биде доволно да се утврди оправдан страв од повреда од недржавен субјект или група доколку немаме докази дека земјата на жалителот не ја исполнува својата должност да го заштити нејзините граѓани.[14]
Оправданиот страв во време на пандемија
Се повеќе луѓе се принудени да ги напуштат своите домови како резултат на конфликти, нестабилност и природни катастрофи, Светската здравствена организација работи напорно за да осигури дека здравјето на мигрантите и бегалците е вклучено во глобалните здравствени политики.
Многу од бегалците избегале од војна или од тешки економски услови во нивната матична земја за потоа да се соочат со дополнителните предизвици поставени од КОВИД-19. Ограничувања за патувања, вклучувајќи затворање на границите, прекинување на патувањето и депортација во последен момент, многумина останаа блокирани или принудени да останат во тесни, импровизирани засолништа или центри за бегалци. Среде овие несигурни услови многу мигранти се соочија со недостаток на пристап до здравствени услуги или страв да ги побараат – дури и ако доживеале симптоми на КОВИД-19.[15]Токму тој дополнителен страв влијае врз субјективното чуство на страв кај бегалците и предизвикува психолошки последици со кои бегалците треба да се изборат.Бегалците и раселените веќе се борат со траумата што ја предизвикува војната, насилството, прогонот и дискриминацијата. Стресот и стравот од заразување со КОВИД-19 или губење на нивните средства за егзистенција како што се изолацијата и осаменоста искусена при блокирање, ги влошија проблемите со менталното здравје.Проценувањето на стравот од страна на надлежните органи во државата може да се каже дека стана уште повеќе сложено не само од аспект на неговото утврдување туку се повеќе и од аспект на здравјето и траумите низ кои поминуваат бегалците.
Заклучок
Сите ние сме сведоци на новите предизвици што ги потстави времето во кое живееме војни, конфликти, пандемија, разни нестабилности кои предизвикуваат и доста стресови но и страв од гледање на сцени кои често пати ја заледуваат крвта.Стравот кој навлегува во нас може да не одведе во непознати правци и еден од најголемите проблеми е токму повторното соочување со истиот.Бегалците се пример како може човекот да оди и над својот максимум на издржливот, токму поради фактот што и кога ќе дојадат на безбедно подрачје повторно се соочуваат со безброј правни ситуации кои знаат да бидат доста нејасни и да баарат од нив покажување и докажување на страв кој можеби веќе поминал или не сакаат едноставно да го искажат, што секако многу зависи од самиот карактер на личноста односно колку таа покажува емоции. Секако дополнителни потешкотии се јавуваат кога станува збор за мали деца од кои можеби некои не се придружувани од нивните родители утврдувањето на стравот во таков случај несомнено ја наметнува потребата односно нужноста на ваквото лице да му се одобри заштита бидејќи неговото оставање на милост и немилост всушност завлегува во едно повисоко рамниште од самите законски правила односно завлегува во суштината на човештвото и во смислата на нашето битисување како суштестава кои се стремат кон подобро.
Но утврдувањето на стравот и негово докажување воопшто не е лесно ако се земат во предвид постојаните испитувања како и строгите законски решенија што ги потставуваат државите во однос на утврдувањето на двете компоненти на стравот субјективна и објективна и нивното поткрепување со факти и докази кои тешко се обезбедуваат.Државите треба да имаат усогласени политики кога станува збор за бегалците особено за разгледувањето на нивниот статус и утврдувањето на оправданиот страв.Фразата оправдан страв се јавува како еден од клучните услови за да може едно лице да се карактеризира како бегалец. Додека нејзиното утврдување од различни држави несомнено подразбира претендирање за можно усогласување и создавање на бази на податоци кои ќе им овозможат на органите на секоја држава полесен пристап до разни релевантни информации, што несомнено позитивно ќе влијае и врз бегалците бидејќи на тој начин им се олеснува нивниот пат и се заобиколуваат сите фази во кои тие треба да докажат и да покажат страв од прогон. Решението за бегалската криза не е едноставно, но сепак постои, ако главните владини и интервладини актери застанат цврсто зад опциите и мерките понудени од меѓународниот закон за бегалци и ако покажат повеќе волја за користење на политичките и финасиските алатки што им стојат на рсполагање.
Фусноти
- https://www.un.org/en/genocideprevention/documents/atrocity-crimes/Doc.23_convention%20refugees.pdf, https://www.ohchr.org/Documents/ProfessionalInterest/protocolrefugees.pdf
- Convention relating to the Status of Refugees -Article 1 – Definition of the term “refugee”
- https://www.refworld.org/pdfid/4551c0374.pdf.
- https://easo.europa.eu/practical-guide-qualification/well-founded-fear (Specific considerations)
- https://www.youtube.com/watch?v=Yo4HWfTgWYs (“Не во мое име” -документарен филм)
- https://www.uscis.gov/sites/default/files/document/foia/Well_Founded_Fear_LP_RAIO.pdf -Persecution of individuals closely related to the applicant (6)
- https://www.aat.gov.au/AAT/media/AAT/Files/MRD%20documents/Guide%20to%20Refugee%20Law/Chapter3_WFF.pdf
- https://www.echr.coe.int/Documents/COURTalks_Asyl_Talk_MKD.PDF
- https://eur-lex.europa.eu/LexUriServ/LexUriServ.do?uri=OJ:L:2004:304:0012:0023:EN:PDF
- https://www.lexisnexis.com/community/casebrief/p/casebrief-ins-v-cardoza-fonseca
- https://www.refworld.org/pdfid/4551c0374.pdf. Query 2
- https://scholarlycommons.law.northwestern.edu/njlsp/vol16/iss2/7/
- https://www.unhcr.org/publications/legal/3d4aba564/refugee-protection-guide-international-refugee-law-handbook-parliamentarians.html
- https://www.aat.gov.au/AAT/media/AAT/Files/MRD%20documents/Guide%20to%20Refugee%20Law/Chapter3_WFF.pdf
- https://www.unhcr.org/events/campaigns/5fc1262e4/refugees-and-the-impact-of-covid-19.html
Користена литература
- https://www.aequitas-humanrights.org/human-rights-education/human-rights-of-refugees-and-asylum-seekers/brief-introduction-to-asylum-seekers-refugees-and-human-rights/
- https://www.un.org/en/genocideprevention/documents/atrocity-crimes/Doc.23_convention%20refugees.pdf
- https://www.refworld.org/pdfid/4551c0374.pdf.
- https://www.echr.coe.int/Documents/COURTalks_Asyl_Talk_MKD.PDF
- https://easo.europa.eu/practical-guide-qualification/well-founded-fear
- https://www.uscis.gov/sites/default/files/document/foia/Well_Founded_Fear_LP_RAIO.pdf
- https://www.aat.gov.au/AAT/media/AAT/Files/MRD%20documents/Guide%20to%20Refugee%20Law/Chapter3_WFF.pdf
- https://repository.law.umich.edu/cgi/viewcontent.cgi?article=2481&context=articles
- https://www.hrw.org/legacy/macedonian/press/2003/macedonia121003-bp.pdf
- https://www.cigionline.org/publications/call-action-transforming-global-refugee-system/?utm_source=google_ads&utm_medium=grant&gclid=Cj0KCQjwk4yGBhDQARIsACGfAevNgwpkC4EMtY8gZnLrj1GHbM8Cq9U9uQ0-LukUl8nhd6C5ogZnXGUaAsEwEALw_wcB
- https://scholarlycommons.law.northwestern.edu/njlsp/vol16/iss2/
- https://www.unhcr.org/events/campaigns/5fc1262e4/refugees-and-the-impact-of-covid-19.html
- https://www.healthrights.mk/pdf/Pravnici/Megjunarodni%20dokumenti%20i%20mehanizmi%20za%20zastita%20na%20covekovite%20prava/%D0%9EN/1%20-%20%D0%A3%D0%BD%D0%B8%D0%B2%D0%B5%D1%80%D0%B7%D0%B0%D0%BB%D0%BD%D0%B0%20%D0%B4%D0%B5%D0%BA%D0%BB%D0%B0%D1%80%D0%B0%D1%86%D0%B8%D1%98%D0%B0%20%20%D0%B7%D0%B0%20%D1%87%D0%BE%D0%B2%D0%B5%D0%BA%D0%BE%D0%B2%D0%B8%D1%82%D0%B5%20%D0%BF%D1%80%D0%B0%D0%B2%D0%B0.pdf
- https://www.ohchr.org/Documents/ProfessionalInterest/protocolrefugees.pdf
- https://www.unhcr.org/3b66c2aa10
- https://eur-lex.europa.eu/LexUriServ/LexUriServ.do?uri=OJ:L:2004:304:0012:0023:EN:PDF