За клиниката

Правната клиника за право на бегалци е основана како стратешко партнерство помеѓу Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје и Мисијата на УНХЦР во Скопје со потпишување на Договор за соработка на 28 септември 2018 година. Правната клиника отпошна со работа со воведување на нов опционен предмет во наставната програма на вториот циклус студии по Меѓународно право и односи и право на Европска унија, но и како дел од глобалната листа на изборни предмети на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Новата предметна програма беше насловена: Бегалци, мигранти, лица без државјанство и криза на човековите права. Во 2018 и дел од 2019 година тимот на Правната клиника беше составен од менторите проф. д-р Љубомир Данаилов Фрчкоски, проф. д-р Елена Михајлова Стратилати, проф. д-р Ирена Рајчиновска Пандева и асистентката на проектот Вики Младенова.

Од 2019 година тимот на Правната клиника го сочинуваат: проф. д-р Ирена Рајчиновска Пандева –раководител на проектот и ментор на Правната клиника, проф. д-р Сашо Георгиевски – научен координатор и ментор на Клиниката, проф. д-р Елена Михајлова Стратилати – ментор на Клиниката, Никола Донев –административен асистент и Марјан Цветановски –финансиско работење.

Нашиот
тим

Со почеток на учебната 2019/2020 година, тимот на клиниката за правни бегалци е составен од:

Проф. д-р Ирена Рајчиновска Пандева

Правен факултет „Јустинијан Први“ во Скопје

Проф. д-р Сашо Георгиевски

Правен факултет „Јустинијан Први“ во Скопје

Проф. д-р Елена Михајлова Стратилати

Правен факултет „Јустинијан Први“ во Скопје

Никола Донев

Правен факултет „Јустинијан Први“ во Скопје

Марјан Цветковски

Правен факултет „Јустинијан Први“ во Скопје

Нашите
активности

Предавања

Секој семестар менторскиот тим составен од универзитетски професори од Правниот факултет „Јустинијан Први“ - Скопје одржуваат предавања каде студентите се запознаваат со теоретската рамка поврзана со меѓународниот режим за правото на бегалците и миграциите во национален, регионален и глобален контекст.

Дополнително во серија на предавања во соработка со UNHCR во Скопје, студенти имаат можност одблиску да се запознаат со работата на мисијата и предизвиците со кои се соочуваат институциите и организациите кои работат во областа на правото на бегалците, азилот, бездржавјанството и миграциите.

Студиски посети

Студиските посети се одвиваат во текот на програмата со цел да студентите да можат да ја видат поблиску работата на различни национални институции со бегалците и барателите на азил. Дел од институциите кои студентите имат можност да ги посетат се Секторот за азил при МВР, ПТЦ „Винојуг“ на јужната граница и ПТЦ „Табановце“ на северната граница.

Гостински предавања

Гостинските предавања се наменети да дадат различна перспектива на правото на бегалци, миграциите и поширокиот контекст на локално, регионално и глобално ниво. Во гостинските предавања се вклучени претставници на УНХЦР, адвокати и лица и/или претставници на институции кои работат со тематиката поврзана со работата на Клиниката особено во делот на националниот систем за азил и неговата примена во практиката.

За време на програмата на редовна основа свои гостински предавања одржуваат и меѓународни експерти.

Пракса

Во текот на секој семестар Македонското Здружение на Млади Правници (МЗМП) како партнерска институција на Клиниката спроведува пракса во рамки на која студентите имаат можност да работат на случаи со баратели за азил и истражувања.

Настани

1.

SPEAK UP FOR SolidarityWithRefugees

17 th of December 2019 – event #SolidarityWithRefugees connected to the first Global #RefugeeForum in Geneva.

2.

Одбележување на 20 јуни – World Refugee Day

Денес во аулата на Правен факултет „Јустинијан Први“ – Скопје се одбележа Меѓународниот ден на бегалците. На настанот се обратија Моника Сандри, претставник на UNHCR-Skopje, Проф. д-р. Сашо Георгиевски, претставник на правната клиника за право на бегалци и Љупка Новеска Андоновска, претставник
на Македонско здружение на млади правници; и претставник на Здружение на Новинари.
На Меѓународниот ден на бегалците, 20 јуни, беа доделени сертификати од страна на УНХЦР – Скопје и Правниот факултет „Јустинијан Први“ – Скопје, на студентите од зимскиот (2018) и летниот семестар (2019) кои беа дел од активностите на Правната клиника за право на бегалци.

На настанот се доделија и наградите на победниците на Наградата за професионално известување за состојбата на бегалците при мешаните миграциски движења за 2018 година во Република Северна Македонија, како и сертификатите за студентите кои успешно го завршија циклусот на Правната
клиника.

3.

ROUND TABLE DISCUSSION: Intercultural dialogue combating the stigmatization of migrants and refugees

Organized by the Iustinianus Primus Law Faculty in cooperation with TEPSA The Trans European Policy Studies Association to commemorate the 18th of December – International Migrants Day

Topic: Intercultural dialogue combating the stigmatization of migrants/refugees
Time: 18.12.2109 at 13.00 hours
Venue: UN Depository library, Iustinianus Primus Law Faculty

  • Prof. d-r Sasho Georgievski – Iustinianus Primus Law Faculty and Refugee Law Clinic / Opening remarks
  • Prof. d-r Anna Krasteva – New Bulgarian University, Sofia, Bulgaria / „Building migration partnership: new challenges in a (post)migration crisis world"
  • Dejan Kladarin – UNHCR-Skopje/“Challenges in providing international
    protection to refugees”
  • Sonja Bozinovska Petrushevska, Head of Office, IOM Skopje /“Vulnerabilities along the Mediterranean routes”
  • Zoran Drangovski – Macedonian Young Lawyers Association /“Mixed Migration Movements as one of the challenges of Macedonia today”
  • Sasko Kocev – MARRI –Migration, Asylum, Refugees Regional Initiative /“Managing migration through regional cooperation in Western Balkans”
  • Prof. d-r Irena Rajchinovska Pandeva, Iustinianus Primus Law Faculty and Refugee Law Clinic /“Intercultural dialogue combating the stigmatization of migrants/refugees – EU context

4.

Отворен ден на Правен факултет „Јустинијан Први“ во Скопје

2.10.2019 година Промоција на Правната клиника за права на бегалци пред новата генерација запишани студенти на Правен факултет „Јустинијан Први“ со UNHCR – Skopje

5.

Отварање на клиниката

Во своето обраќање, Деканот на Правниот факултет „Јустинијан Први“ – проф. д-р Горан Коевски, изјави: „Понудувањето на предметна програма каква што ќе биде онаа активирана во рамки на Клиниката за право на бегалци – Бегалци, мигранти, лица без државјанство и криза на човековите права има неколкуслојно значење:

  • интердисциплинарниот пристап кон темите кои ќе бидат обработувани и со тоа содржинска и методолошка збогатеност на целокупната студиска програма на Правниот факултет,
  • унапредување на знаењето на студентите и нивното разбирање на тековните и важни теми како човековите права од една страна, и од друга состојбите на страдање на големи групи како она на бегалците, мигрантите, лицата без државјанство,
  • фокус кон програмите на Правниот факултет кои може да бидат интересни и отворени кон љубопитноста на студентите од соседните хуманистички науки.“

Научниот координатор, проф. д-р Љубомир Данаилов Фрчкоски изјави: „Имам задоволство да го обзнанам развивањето на изборен предмет за правото на бегалци и импликациите кои ги има ова право на поширокиот контекст на човековите права. Задоволството е поголемо бидејќи се работи за заеднички проект со Претставништвото на УНХЦР во Скопје. Работевме напорно на проектот и посебно на развој на курикулумот и резултат е мошне добар – според наше мислење. Договоривме инспиративен курикулум со интердисциплинарна структура и сместен во научните области – политичка филозофија, филозофија на право и меѓународно право, како и организиравме соодветен тим кој ќе го спроведе.

Дополнително, разработивме и предлог за вежби кои ќе бидат спроведени заедно со УНХЦР, имено ќе бидат спроведени како практична настава.“

Дејан Кладарин од Претставништвото на УНХЦР во Скопје изјави: „Сметаме дека од особена важност е воспоставувањето на соработка со Правниот факултет „Јустинијан Први“ и затоа би сакал да изразам голема благодарност до Правниот факултет за отвореноста да дадат важност на прашањата кои се актуелни во светот, во регионот и во земјава, како и за поготвеноста да воведат програма која ќе ги третира прашањата за заштита на бегалците и на таа тема ќе работи со идните правници со цел нивно насочување кон правичност и, пред сè, човечност.“

Линкови
од медиуми

Аплицирај и
придружи ни се!

Правната клиника за право на бегалци и отворена за студенти на додипломски и постдипломски студии кои се заинтересирани. Ве охрабруваме да се пријавите за учество на Клиниката преку нашиот мејл:

lawclinicrefugees@gmail.com