Истражувачки проект:
„Бегалците и миграцијата во контекст на Балканската рута“

Проектот започна да се спроведува во учебната 2019/2020 година од страна на група алумни и менторите на Правната клиника за право на бегалци. Проектот е посветен на истражување на јавниот, политичкиот и медиумскиот дискурс во Република Северна Македонија преку говорот и третманот на прашања поврзани со бегалците, миграцијата, ксенофобијата, исламофобијата и национализмот, особено во светло на предизборната кампања за предвремени парламентарни избори 2020 година. Истражувањето опфаќа период од Октомври 2019 година до 15 јули 2020 година –односно датумот на одржување на изборите.

Проектот предвидува објава на краток (snapshot) извештај веднаш по заршување на истражувачкиот период и објава на студија во текот на зимскиот семестар на 2020/2021 година.