За
Центарот
Центар за право на
бегалци и миграциja
На 27.12.2019 година со одлука на ННС на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје е формиран Центарот за право на бегалци и миграција со полн назив: Центар за правна клиничка едукација - Центар за право на бегалци и миграциja.
Центарот за право на бегалци и миграциja е внатрешна организациона единица на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје за спроведување на правна клиничка и друга едукација, како и други форми на наставно-образовни и научно-истражувачки активности во областа на правото на бегалците и миграциjата.
Нашиот
тим
Проф. д-р Ирена Рајчиновска Пандева
Правен факултет „Јустинијан Први“ во Скопје
Ирена Рајчиновска Пандева е вонредна професорка по политички науки на Правниот факултет „Јустинијан Први” во Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје. Таа е продекан за наука и меѓународна соработка и Еразмус координатор како и раководител на Центарот за бегалско право и миграција, проект менаџер и ментор на правната клиника за бегалско право при Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје. Предава повеќе предмети на додипломските, мастер и докторските студии на Факултетот на четири студиски програми. Од 2020 година Ирена Рајчиновска Пандева е член на управниот одбор на TEPSA – Trans European Policy Studies Association, Brussels. Нејзин посебен истражувачки интерес се ЕУ интеграцијата, идентитетите, еворпеизацијата, геополитиката, конфликтите, транзицијата и миграцијата.
Проф. д-р Сашо Георгиевски
Правен факултет „Јустинијан Први“ во Скопје
Научен координатор и ментор на правната клиника за право на бегалци. Проф. д-р Сашо Георгиевски е редовен професор на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје на Катедрата по меѓународно јавно право и меѓународни односи каде држи настава на повеќе предмети од сите три циклуси на студии на областите меѓународно јавно право и право на Европската унија. Од 2012 година е Jean Monnet Chair. Тој е автор и уредник на четири книги, вклучително и бројни статии во областите на меѓународното јавно право и правото на ЕУ. Главните полиња на научен интерес на професорот се: меѓународно право за странски инвестиции, примена на меѓународното право и правото на ЕУ во националните судови на земјите кандидати за ЕУ, правна култура во ЕУ и југоисточна Европа.
Проф. д-р Елена Михајлова Стратилати
Правен факултет „Јустинијан Први“ во Скопје
Член на Центарот за бегалско право и миграција при Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје и ментор на правната клиника за бегалско право. Елена Михајлова Стратилати е професорка по меѓународно право на Правниот факултет „Јустинијан Први” во Скопје. Таа е член на Европската Комисија против расизам и нетолеранција (European Commission against Racism and Intolerance (ECRI)). Вклучена е во наставата на повеќе предмети на додипломските, мастер и докторските студии, како: Меѓународно јавно право, Меѓународно право за правата на човекот, Меѓународно хуманитарно право, Мирно решавање на спорови, Транзициона правда. Нејзина посебна област на интерес се човековите права и граничните области на говор на омраза и дела од омраза, културните идентитети, демократијата и транзициона правда.