Истражувачки проект:
„Говорот на омраза и бегалците"
Проектот „Говорот на омраза и бегалците“ е замислен како истражувачки придонес во прашањето на заштитата на бегалците и мигрантите од говорот на омраза. Неговата цел е да ја испита меѓународната правна рамка и да покаже дека говорот на омраза кон бегалците и мигрантите треба да биде санкциониран од правото, бидејќи потпаѓа надвор од опсегот на говорот на омраза.
Оваа публикација е издадена како дел од проектот „Регионална поддршка на раководење со миграција која предвидува заштита во Западен Балкан и Турција, фаза II“, имплементиран од УНХЦР Северна Македонија и партнерските агенции на ОН и финансиран од Европската Унија во рамките на Инструментот за претпристапна помош (ИПА II). За содржината на оваа публикација е одговорен единствено Центарот за право на бегалци и миграции и таа не може да се земе за став на Европската Унија или на УНХЦР и партнерските агенции на ОН.
Истражувачки проект:
„Бегалците и миграцијата во контекст на Балканската рута“
Проектот започна да се спроведува во учебната 2019/2020 година од страна на група алумни и менторите на Правната клиника за право на бегалци. Проектот е посветен на истражување на јавниот, политичкиот и медиумскиот дискурс во Република Северна Македонија преку говорот и третманот на прашања поврзани со бегалците, миграцијата, ксенофобијата, исламофобијата и национализмот, особено во светло на предизборната кампања за предвремени парламентарни избори 2020 година. Истражувањето опфаќа период од Октомври 2019 година до 15 јули 2020 година –односно датумот на одржување на изборите.
Проектот предвидува објава на краток (snapshot) извештај веднаш по заршување на истражувачкиот период и објава на студија во текот на зимскиот семестар на 2020/2021 година.